Спроведена обука за заштита и самозаштита во случај на катастрофи за персонал
Во рамките на програмските активности на програмот за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, на 12.02.2019 година во просториите на ОУ Мирче Ацев – Скопје се одржа едукативна работилница за Заштита и самозаштита во случај на катастрофи.
На работилницата присуствуваа 45 вработени лица, наставници и технички персонал од училиштето. На работилницата се разработуваа темите од областа на заштита и самозаштита во случај на катастрофа, а воедно и чекорите кои треба да се преземат пред, за време и после катастрофата со цел поголема безбедност на учениците.
Наставниците и техничкиот персонал од страна на Црвен крст на Република Македонија добија и едукативен материјал, како и едукативни видеа (земјотрес, студен бран, топлотен бран) со цел стекнатото знаење да може да го применат и да го дисeминираат на ученици и родителите.