Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Спроведена работилница за проектно планирање

2018-02-06

Спроведена работилница за проектно планирање

Црвениот крст на Република Македонија од 01 до 05 февруари 2018 година во Центарот за кадри и рекреација на Црвениот крст „Солферино“ во Струга, одржа работилница за проектно планирање во рамки на имплементацијата на проектот за надградба на капацитети поддржан од страна на Меѓународна Федерација. Целта на обуката беше  да се надградат капацитетите на претставниците на општинските организации на Црвениот крст за проектно планирање. На работилницата учество зедоа 19 волонтери и вработени од општинските организации на Црвениот крст Берово, Битола, Крива Паланка, Виница, Гевгелија, Дебар, Демир Хисар, Кичево, Делчево и Охрид. Работилницата беше посветена на обука на човечките ресурси за изработка на проекти за различни донатори, согласно со прирачниците на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина за проектно планирање и мониторинг и евалуација. Согласно насоките кои беа дадени на работилницата,  учесниците од секоја општинска организација на Црвениот крст имаат обврска да подготват предлог проект, преку кој ќе имаат можност да ги применат стекнатите знаења. Изработените проекти ќе бидат разгледани на следната работилница која Црвениот крст на РМ ќе ја организира со цел да се даде поддршка во финализирањето на проектите.

 

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025