Red Cross Shape
Спроведена работилница за тим билдинг

2018-02-14

Спроведена работилница за тим билдинг

Црвениот крст на Република Македонија од 10 до 12 февруари 2018 година во Центарот за кадри и рекреација на Црвениот крст „Солферино“ во Струга, одржа работилница за тим билдинг.

Целта на тим билдингот кој го организираме е градење на подобар и кохезивен тим, кој може да работи како еден при извршување на секојдневните задачи и работа под притисок, подобра соработка и развој на тимски дух помеѓу членовите на тимот и подигнување на нивото на мотивацијата. Иако Црвениот крст има одличен искусен, енергичен и кохезивен тим, нашето мото е дека секогаш можеме подобро кон развој и создавање на совршен тим истакна генералниот секретар д-р Саит Саити.

Тридневната работилница беше составена од различни рекреативни, забавни активности и предлози за подобрување на комуникацијата со потенцијалните и постоечките капацитети, а на крај беа презентирани очекуваните резултати, и идните развојни активности на Црвен крст согласно мисијата, визијата и целите кон кој се стреми Црвен крст.

Други вести

Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom