Посета на делегација на УНФПА
На 11.06.2021 Црвениот крст на Република Северна Македонија беше посетен од делегација на УНФПА. Делегацијата ја предводеше Џон Кенеди Мосоти директорот на Фондот за население на ОН УНФПА за Република Северна Македонија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина, и претставниците на националната канцеларија на УНФПА во РСМ, Афродита Шаља – Плавјанска и Јованка Брајовиќ Григоријевиќ. Делегацијата беше примена од генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Саит Саити.
Во разговорите генералниот секретар Саити ја претстави работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, сервисите кои ги обезбедува националното друштво во државата, формите на финансирање и клучните активности на организацијата.
На средбата беше дискутирана можноста и соработка со УНФПА на теми од заеднички интерес, вовед во дефинирањето на новата петгодишна соработка, како и главните приоритети и предизвици за во иднина.