Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Средба на Претседателот на Црвен крст на РСМ д-р Ромел Велев со Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ

2021-12-17

Средба на Претседателот на Црвен крст на РСМ д-р Ромел Велев со Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ

Во просториите на Амбасадата на Република Хрватска, на 17.12.2021 година се оствари средба помеѓу Претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р. Ромел Велев, и Амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. За време на средбата беше доделена Благодарница од Хрватскиот Црвен крст за донација и поддршка во справување со предизвиците и последователните последици од кризата со земјотресот од 29.12.2020 година во Сисак.

На приемот во Амбасадата на Хрватска се дискутираше за досегашната соработка кон дејствување во итни состојби и катастрофи, а беа споделени и тековни проекти на Црвениот крст како „Соседите помагаат први“ кои дополнително ја промовираат солидарноста и меѓусебната поддршка на регионално ниво.

Амбасадорката Тигањ се заблагодари на хуманитарната помош која беше обезбедена од страна на Црвен крст на РСМ, а претседателот Велев истакна дека Црвениот крст ќе продолжи со придонесува таму каде сме најпотребни.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025