Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Средба со семејства на починатите лица во пожарот од 08.09.2021 година во Ковид центарот во Тетово

2021-12-11

Средба со семејства на починатите лица во пожарот од 08.09.2021 година во Ковид центарот во Тетово

На 11.12.2021 година делегација со претставници од Турската Црвена полумесечина, Швајцарската организација „For Children Smiles” и Црвениот крст на Република Северна Македонија, во просториите на општинската организација на Црвен крст Тетово оствари средба со претставници од семејства на лицата кои починаа во пожарот во ковид центарот во Тетово кој се случи на 08.09.2021 година. Со поддршка на Турската ЦП и организацијата „For Children Smiles” се обезбеди финансиска поддрка од вкупно 10 000 евра кои се префрлија на сметките на семејствата на починатите. За време на одржаната средба беше искажана благодарност за добиената поддршка, како и задоволство од грижата која беше искажана од сите донатори преку Црвениот крст на Република Северна Македонија.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025