Средба со учесниците кои ги поминаа обуките за негуватели за стари лица и лица со попреченост во домашни услови во Струмица
На 20 Мај, 2021, во просториите на Регионалниот центар во Струмица, во рамките на проектот ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ,,, беше спроведена мониторинг посета од страна на стручната служба за проектно работење на ЦКРСМ. На средбата беа присутни Секретарот на ООЦК Струмица- Маријана Тошева, како и 20 негуватели од општина Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово кои успешно ги завршија обуките, поддржани од Австриска Агенција за развој, Австриски Црвен крст, Швајцарски Црвен крст.
На средбата со негувателите се разговараше за интересот и задоволството од начинот на спроведување на обуките, своите претходни искуства, состојбата на пазарот и влијанието на Ковид19 ситуацијата, како и своите лични ставови и препораки во однос на вклученоста и ангажирањето на пазарот на труд.
Во моментот, негувателите се соочуваат со потешко пронаоѓање на корисници поради Ковид19 ситуацијата, но сепак дел од нив се вклучени во општокорисна работа во делот на асистенција на постарите лица. Во однос на спроведените обуки, сметаат дека се доволно опширни и се задоволни од обучувачите и теоретскиот дел на обуките. Обучените лица сметаат дека е потребно дел од практичниот дел да биде воведен во Домовите за стари лица и да се врши посета од страна на обуките, но се согласуваат дека во моментот е потешко реализација на истите.
Истовремено на средбата, се дискутираше и за стигматизираното видување од страна на старателите и семејствата на старите лица во општеството во спроведувањето на услугите во домашни услови.
Во однос на своите гледишта кон работата и мотивација, обучените негуватели имаат интерес за вработување во областа, како и се интересираат за дополнителни обучувања во делот на личната асистенција.