декември 15, 2020

„Среќа плус“

Државна Лотарија и Црвен крст стартуваат заедничка хуманитарна акција за поддршка на ранливи категории во борба против Ковид-19. Во пресрет на престојните новогодишни празници, подарете инстант лозови „Еко скутер” во пакет „Среќа плус” и вклучете се во кругот на среќа и солидарност. Во зимскиот период за борба со Ковид-19 на најнемоќните им се потребни витамини и суплементи, за што ќе се наменат 10% од средствата собрани од оваа акција.

Пакетот „Среќа плус“ со инстант лозови  „Еко скутер”, содржи 6 инстант лоза и може да го најдете на сите продажни места на Државна лотарија ширум нашата земја. Претпријатијата може да направат нарачка на: 02 32 77 77 и на promo@loto.mk, a со тоа да подарат среќа на свои вработени и соработници. 

Подарете среќа и бидете хумани.

< врати се назад