СТУДИСКА ПОСЕТА НА АВСТРИСКИ ЦРВЕН КРСТ
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 22 до 25 јуни 2021 година реализираше студиска посета на сервисите за Итно копче во две локални организации Тулн и Атзенбруг на Австрискиот Црвен крст.
Посетата беше направена од страна на претставници на Централната Канцеларија на ЦКРСМ, како и нововработените лица за сервисот за нега и помош на стари лица во домашни услови.
Посетата претставуваше интегрален дел на втората компонента за воспоставување на сервисот Итно копче, од проектот ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ’’, поддржан преку деловното партнерство на ЦKРСМ, со Австриската Агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарскиот Црвен крст.
Учесниците за време на нивниот престој ја имаа можноста да ги запознаат социјално-здравствените модели и услуги, кои што локалните организации на Австрискиот Црвен крст ги имаат воспоставено и нудат, сервисите на Итно копче вклучително со волонтерската поддршка на Спасители при итни случаеви, како и да се стекнат со знаења и да добијат искуствени насоки за имплементација на активностите во Република Северна Македонија.