Студиска посета на тимот на Итно Копче во Црвен крст Грац, Австрија
Во рамките на проектот „„Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE) “, поддржан од Европската комисија, во периодот од 19-22 јули, четири претставници од Итно копче, извршија Студиска посета во Црвениот крст Грац, Виена.
За време на посетата тимот на Итно Копче при Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје, имаше можност детално да се запознае со сервисите кои се достапни во Црвен крст Грац. Фокусот беше ставен на услугите за стари лица, како што е домашната нега и копчето при итни ситуации.
За време на посетата се посети најголемиот call-center за услугата Итно копче во Австрија, но и регионот. Тимот имаше можност да види како функционира воспоставувањето на итен повик, протоколот за одговор на повик и протоколот за интервенција во случај на итност. Дополнително, беше направена презентација на возниот парк и опремата со која располагаат возилата за услугата посебен транспорт. Во делот на итни интервенции, тимот присуствуваше на симулација на реанимација со дефибрилатор.
Една од клучните точки на оваа посета беше и увидот во функционирањето на мобилната апликација за спасувачи при итен случај, како и софтверското решение за услугата Итно копче.
На самата посета се разменуваа искуства во делот на заедничките предизвици со кои тимовите се соочуваат, но и се најдоа потенцијални заеднички точки за понатамошна соработка, особено во делот на примена на првата помош при итни ситуации.
Студиската посета, беше од огромно значење за унапредување на работата на услугите кои ги нуди ЦКРСМ преку Црвениот крст на град Скопје, заради можноста за учење и наградба од некој кој, како Црвениот крст Грац е со долгогодишно искуство.