Red Cross Shape
Студиска посета на тимот на Итно Копче во Црвен крст Грац, Австрија

2023-07-24

Студиска посета на тимот на Итно Копче во Црвен крст Грац, Австрија

Во рамките на проектот „„Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE) “, поддржан од Европската комисија,  во периодот од 19-22 јули, четири претставници од Итно копче, извршија Студиска посета во Црвениот крст Грац, Виена.

За време на  посетата тимот на Итно Копче при Црвен крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје, имаше можност детално да се запознае со сервисите кои се достапни во Црвен крст Грац. Фокусот беше ставен на услугите за стари лица, како што е домашната нега и копчето при итни ситуации.

За време на посетата се посети најголемиот call-center за услугата Итно копче во Австрија, но и регионот. Тимот имаше можност да види како функционира воспоставувањето на итен повик, протоколот за одговор на повик и протоколот за интервенција во случај на итност. Дополнително, беше направена презентација на возниот парк и опремата со која располагаат возилата за услугата посебен транспорт. Во делот на итни интервенции, тимот присуствуваше на симулација на реанимација со дефибрилатор.

Една од клучните точки на оваа посета беше и увидот во функционирањето на мобилната апликација за спасувачи при итен случај, како и софтверското решение за услугата Итно копче.

На самата посета се разменуваа искуства во делот на заедничките предизвици со кои тимовите се соочуваат, но и се најдоа потенцијални заеднички точки за понатамошна соработка, особено во делот на примена на  првата помош при итни ситуации.

Студиската посета,  беше од огромно значење за унапредување на работата на услугите кои ги нуди ЦКРСМ преку Црвениот крст на град Скопје, заради можноста за учење и наградба од некој кој, како Црвениот крст Грац е со долгогодишно искуство.

Други вести

НЕ МОРА СÈ ДА НОСИТЕ САМИ – ЦРВЕНИОТ КРСТ ВОВЕДУВА НОВА УСЛУГА ЗА ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ
ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom