Supporting INclusive development of community-based long-term CARE services through multi-stakeholder participatory approaches (InCARE) – финансиран од Европската комисија во рамките на „“EaSI PROGRESS AXIS’’.
Црвениот крст на Република Северна Македонија, во ноември 2020 ја започна како партнер реализацијата на проектот „Поддршка на инклузивен развој на долгорочни услуги за грижа во заедницата преку партиципативни пристапи на учесници (InCARE)“ финансиран од Европската комисија во рамките на „“EaSI PROGRESS AXIS’’.
Проектот има за цел да го промовира партиципативниот, иновативен и интегриран пристап кон поставување и креирање на националните политики за долгорочна нега и развој на социјални услуги со фокус на аспекти, како што се инструменталната одржливост на системите и иновативниот капацитет: процеси на адаптивна соработка на повеќе засегнати страни, донесување на одлуки засновани на докази, градење на капацитети и заеднички партнерства.
Пристапот на проектот е дизајниран да одговори на комплексноста на системите за долгорочна нега и општествените предизвици, со цел да се обезбеди соодветна, прифатлива и одржлива поддршка на старата популацијата во Европски земји.
InCARE проектот се стреми кон подобрување на благосостојбата и пристапот до соодветна и достапна нега на постарата популација, чии потреби се произлезени од когнитивните или функционални нарушувања на истите, како и од страна на нивните формални/неформални негуватели.
Црвениот крст на Северна Македонија, во рамките на проектот е фокусиран кон пилотирање на иновативниот пристап преку сервисот Итно копче и негова интеграција во пакетот за нега во домот. Како корисници на сервисот, ќе бидат избрани 50 стари лица чии потреби за поддршка и нега се неопходни. Истовремено, преку Програмата за обука на негуватели, ЦКРСМ ќе обезбеди и 60 обучени негуватели кои ќе добијат поголема поддршка за подобрување на своите теоретски, психосоцијални и практични вештини.
Министерството за Труд и Социјална политика на Северна Македонија и Министерството за Здравство на Северна Македонија, како партнери во градење на политиките, взаемно со Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе спроведе и истражувачки активности преку детални анализи на состојбите на системот за долгорочна нега и односот на социо-економската, демографската и епидемиолошката состојба на нашата држава, притоа насочувајќи се кон идентикација на одржливи социјални политики и подигнување на нивото на социјални иновации во системот за долгорочна грижа и нега наменета за старата популација.
Статус |
Во тек |
Времетраење на проект |
ноември, 2020 – октомври, 2023 |
Донатор |
Европска Комисија; EUROPEAN CENTRE / ECV Austria |
Останати Партнери |
Министерство за Труд и Социјална Политика (МТСП) на РСМ Вклучени страни: London school of economics & political science lbg (LSE / CPEC), United Kingdom Fundacion instituto gerontologico matia ingema (MATIA INSTITUTO), Spain Stichting vilans (VILANS), The Netherlands Instituto de mayores y servicios sociales (IMSERSO), Spain Eurocarers-association europeenne travaillant avec et pour Les aidants non-professionnels (EUROCARERS / EUCA), Belgium Chance b holding gmbh (CHANCE B), Austria
|
Финансиски средства |
256,721.63 € |