Свечена церемонија по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија
Во присуство на припадниците на АРМ, претседателот на државата и Врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов, поранешни и сегашни министри за одбрана, членови на Владата и други гости, на 17.08.2018 се одржа централната свеченост по повод Денот на АРМ, 18 Август.
Поздравувајќи ги присутните, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во својот говор по повод празникот на АРМ истакна дека истиот е прилика да им се оддаде почит и признание на жените и мажи-припадници на вооружени сили, за сиот нивен придонес за стабилноста на државата и безбедноста на граѓаните.
На свечената церемонија присуствуваше и Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, Д-р Саит Саити.