јули 24, 2015

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЕТО

Скопје, 24 јули 2015 година

Со Одлука на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на Црвениот крст на Република Македонија му е доделено признанието ПОВЕЛБА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА по повод 70 години од формирањето, како организација која преку реализација на многубројни хуманитарни активности во различни сфери на делување даде посебен придонес во обезбедување на помош и поддршка на ранливото население во Република Македонија и пошироко, а со тоа и афирмација и промовирање на меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности. Денес во Вилата Водно – Скопје свечено е доделено (врачено) признанието од страна на претседателот на Република Македонија, неговата екселенција д-р Ѓорге Иванов а во присуство на претставници на државни, јавни, владини и невладини организации, компании, амбасади, членови, волонтери и вработени на Црвениот крст. Во знак на благодарност и почит за доделеното признание претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Д-р Милчо Трајков се обрати пред присутните oва признание е наше заедничко остварување бидејќи сето она што го правиме, го правиме заедно со нашите партнери, подржувачи и волонтери па затоа се надеваме дека нашата хумана мисија преку практикување на седумте принципи на хуманост, непристрасност, независност, волонтерска служба и универзалност успешно ќе продолжи и понатаму со целосна Ваша поддршка.   На крајот сакаме да Ве увериме дека секогаш може да сметате на Црвениот крст на Република Македонија и уште еднаш да Ви се заблагодариме за доделеното признание кое несомено за нас ќе биде секогаш потстрек за нови успеси и постигнувања.   Признанието го споделуваме со сите вработени, членови, волонтери, партнери на Црвениот крст.

pretsedateli

< врати се назад