Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВИОТ ОБЈЕКТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА

2022-12-06

СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВИОТ ОБЈЕКТ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА

Во присуство на генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, на претседателот на Црвениот крст на РСМ Ромел Велев, на претседателот на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија, Ристо Чугунцалиев, на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и на претставници на органи и институции од Општина Гевгелија, и други гости на 06 декември 2022 година на свечен начин беа дадени во употреба новите простории на ООЦК Гевгелија.

При отворањето, генералниот секретарот на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, во своето обраќање пред присутните потенцираше дека Гевгелија добива импозантен објект, вреден 4 милиони денари во кој свое поле за работа ќе најдат сите кои мислат на хуманоста и волонтерската работа.

На настанот исто така се обратија и градоначалникот на Општина Гевгелија ,Андон Сарамандов и секретарот на Општинската организација на Црвен крст Гевгелија Лазар Мешков.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025