април 23, 2021

Светска недела на имунизација 2021 година – вакцините не зближуваат

24 – 30 април 2021 година

Светската недела на имунизација се одбележува секоја година во последната недела од април и има за цел да промовира употреба на вакцини за заштита на луѓето од болести на сите возрасти. Имунизацијата спасува милиони животи секоја година и е широко признаена како една од најуспешните здравствени интервенции во светот. Сепак, денес сè уште има речиси 20 милиони деца во светот кои не примаат потребни вакцини, а многу ги пропуштаат виталните вакцини за време на адолесценцијата, зрелоста и во староста.

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 24-30 април 2021г се приклучува кон одбележувањето на Светската недела на имунизација под мотото „Вакцините нè зближуваат“ преку спроведување на онлајн едукативни предавања, споделување на постови и постери на социјалните мрежи за важноста на редовна и навремена имунизација. Со овие активности имаме за цел да допринесеме во подигнување на јавната свест за значењето на вакцинацијата во зближување на луѓето и подобрување на здравјето и благосостојбата на сите.

Додека светот се фокусира на суштински важните нови вакцини за заштита од КОВИД-19, останува потребата да се обезбеди да не се пропушти рутинската вакцинација. Многу деца не се вакцинирани за време на глобалната пандемија, што ги доведува во ризик од сериозни болести како сипаниците и детската парализа. Дезинформациите кои брзо се споделуваат на темата вакцинација значително придонесуваат кон оваа закана.

Вакцините се важна нова алатка во битката против КОВИД-19. Работејќи колку што можат побрзо, научниците од целиот свет соработуваат и иновираат за да ни обезбедат тестови, третмани и вакцини кои колективно ќе значат спасени животи и ќе ја прекинат оваа пандемија.Заедно, можеме да ставиме крај на пандемијата КОВИД-19 и да обезбедиме поздрав свет за сите.

< врати се назад