октомври 21, 2021

Тренинг обука на тема „Јакнење на капацитетите на националното друштво во програми за прва помош“

Во период од 17-21.10.2021 во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга се спроведе работилница на тема „Јакнење на капацитетите на националното друштво во програмите за прва помош“.

Целта на оваа работилница  е подобрување на техники, методологија за подготовка и реализација на курсеви/обуки/тренинзи и соодветна административна подготовка и планирање на истите.

Работилницата е спроведена од лиценциран тренер од Црвениот крст на Република Северна Македонија согласно дадените насоки за реализација на тренинг за тренери од Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

< врати се назад