декември 17, 2017

Тренинг за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи

Од 14 до 16.12.2017 во просториите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Битола се одржа тренинг за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, во склоп на проектот “Намалување на ризици од катастрофи во микрорегиони Битола и Гостивар”.

На тренингот, преку интерактивни вежби, предавања а и размена на искуства се работеа следните теми: Улогата на Црвен крст во системот за управување со катастрофи во Република Македонија, Безбедност и ризици на терен, Хуманитарна помош и дистрибуција, Брза теренска проценка, Психосоцијална поддршка, Прва помош, СФЕРА Стандарди, Сместување и камп менаџмент како и Комуникација во кризна состојба. Во склоп на тренингот беа направени 3 практични вежби со играчи на улоги, меѓу кои, Студија на случај “Студен бран” ( комуникација со институции, анализа на податоци и подготовка на план за акција ), Комуникација со медиуми (одржување на прес конференција, Камп менаџмент ( сместување на лица погодени од студен бран).

Тренингот беше спроведен од страна на инструктори за подготвеност и дејствување при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија според методологија на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина за обука на тимови за одговор при катастрофи.

< врати се назад