април 3, 2017

Tренинг за спасување и дистрибуција на хуманитарна помош во зимски услови

Во периодот 31.03 -02.04.2017 година, во хотел Арена на Попова Шапка, се оддржа тренинг спасување и дистрибуција на хуманитарна помош во зимски услови. На тренингот беа разработени теми за лавини и нивно настанување, снег и снежни профили, скијање, спасување, безбедност и ризик при спасување и дистрибуција. По завршување на теоретскиот дел и практичниот дел, од страна на организацискиот тим беше направена симулациона вежба на која учесниците учествуваа во пребарување и спасување на затрупан скијач од лавина на Попова Шапка. Учесниците, иако почетници, покажаа високо ниво на знаeње и умешност во справување со ситуации во зимски услови и истите се здобија со уверенија за завршена обука за спасување и дистрибуција на хуманитарна помош во зимски услови

Учесници на тренингот беа 19 претставници (волонтери, вработени) од Црвен крст на град Скопје, Црвен крст на Битола, Охрид, Велес, Крива Паланка.

< врати се назад