јуни 7, 2017

Тренинг за спасување од поплави, Тренинг центар Солферино, Струга 28.05.2017 – 01.06.2017

После катастрофите кои го погодија регионот и Македонија во последните неколку години, за прв пат Црвен крст на Република Македонија организира тренинг за спасување од поплави во рамките на проектот поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција, во период од 28.05.2017 – 01.06.2017 во Тренинг центар Солферино, Струга на кој учествуваа претставници на ЦКРМ, ООЦК Охрид, Струга, Велес, Битола, ЦКГС и МВР.

Главна цел на тренингот беше подигнување на капацитетите на волонтерите и стручната служба на Црвен крст како и зајакнување на отпорноста и подигнување на ефикасноста во одговорот во случај на катастрофи

Тренингот се одржа во организација на Црвен крст на Република Македонија, финансиски одржан од Австриски Црвен крст и Австриска развојна агенција,  а предавачи беа инструктори од Црвен крст на Република Македонија и Бугарски Црвен к крст .Во рамките на тренингот, теоретски и практично се разработуваа темите како дејствување за вадење, спасување и укажување на помош при поплави, основни правила за движење по река и пливање, психофизичка подготовка на спасителите, управување со чамец ( траверс, застанување напред и назад ), работа со јажиња и јазли, прва помош итн. Во склоп на тренингот се одржа и вежби каде што учесниците беа поделени на 3 групи и работеа на пребарување на настрадани во случај на поплави, извлекување, спасување од чамец и укажување на прва помош на повредените. На крај на тренингот учесниците се стекнаа со сертификати за завршен тренинг за спасување во случај на поплави.

 

< врати се назад