Tренинг за тренери (ТоТ) на тема здраво стареење за националните друштва на Централна, Јужна и Источна Европа, и Централна Азија
Во периодот од 23 до 26 октомври 2023 година, учесник од Црвениот крст на Република Северна Македонија беше дел од интерактивниот тренинг за тренери (ТоТ) за здраво стареење, организиран од IFRC, со домаќинство на Црвениот крст на Италија во Рим.
Општата цел на тренингот беше да се поддржат националните друштва во Централна и Југоисточна Европа, како и во Централна Азија за подобрување на капацитети за здраво стареење и зајакнување на способностите на учесниците во методологиите и интервенциите за здраво стареење. Обучените волонтери и персонал ќе можат да го донесат техничкото разбирање и методологиите за здраво стареење во нивните национални друштва.
Дел од тренингот беа и учесници од Црвен крст на Италија, Беларусија, Грузија, Узбекистан, Црна Гора, Украина, Босна и Херцеговина, и Турска полумесечина.
Присутните се информираа за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење. Темите кои беа обработувани се незаразните болести кај старите лица, социјалната изолација, спроведување на проценка, здрава исхрана, бенефити на доживотното учење, важноста на психосоцијалната поддршка, како и запознавање со физичките вежби применливи за активно и здраво стареење.