Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

2022-11-01

ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ ЗА ВРСНИЧКИ ЕДУКАТОРИ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Со поддршка од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина преку проектот за Ковид-19 вакцинација а во насока на унапредување на програмата за врсничка едукација за ментално здравје и обезбедување на внатрешен систем за одржиловст на истата во период од 28 до 30 октомври се реализираше Тренинг за тренери за врснички едукатори за ментално здравје.

Преку овој тренинг 26 млади преку методологијата која се базираше на искуствено учење преку интерактивни вежби, искуствени вежби, практични задачи и теоретски инпут од страна на тренерите се стекнаа со знаења и вештини за како го пренесуваат знаењето меѓу врсниците и да бидат амбасадори за позитивен пристап во заедницата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025