Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Тркалезна маса на тема * Миграциите нов предизвик на Службата за барање на исчезнати лица и воспоставување на семејни врски на Црвениот крст на Република Македонија*

2014-11-26

Тркалезна маса на тема * Миграциите нов предизвик на Службата за барање на исчезнати лица и воспоставување на семејни врски на Црвениот крст на Република Македонија*

Заеднички настап при решавањето на предизвиците

[responsive]Untitled-1[/responsive]

Секој ден илјадници семејства се раздвоени како резултат на воени конфликти, природни катастрофи или миграции. Човечките страдања се огромни кога ќе се прекинат контактите со најблиските сакани личности и кога нема никакви информации за нивната судбина. Меѓународниот Комитет на Црвен крст и Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, работат заедно секаде во светот да ги лоцираат ваквите случаи и да им помогнат на семејствата повторно да воспостават контакти.

Во контекст на Европскиот феномен на миграциите, кој се повеќе и повеќе добива на значење, а кој ја засега и нашата држава, Црвениот крст на Република Македонија на 25.11.2014 година, организираше Тркалезна маса на тема * Миграциите нов предизвик на Службата за барање на исчезнати лица и воспоставување на семејни врски на Црвениот крст на Република Македонија*, со цел подобро да ги претстави активностите на Службата за барање на Црвениот крст на Република Македонија.

Тркалезната маса беше иницирана заради заедничкиот интерес за позитивно решавање на проблемот со миграциите во Република Македонија. На настанот имаше можност да се разговара за феноменот на миграциите и можностите за заедничко делување на овој план во Република Македонија. Токму затоа на средбата беа поканети и зедоа учество претставници на Министерството за внатрешни работи, Центарот за азиланти, Транзитниот центар за мигранти, УНХЦР и невладини организации, со кои во моментов се обидуваме партнерски да одговориме на предизвикот со зголемениот број на мигранти во нашата држава и претставници на Регионалната канцеларија на Меѓународниот Комитет на Црвен крст во Белград, Црвениот крст на Србија и Црвениот крст на Бугарија, со кои се разменија искуства на овој план, со оглед на сличната ситуација со мигрантите во нивните држави.

Покрај активностите на Службата за барање, Црвениот крст на РМ, имаше можност да го претстави и реализирањето на проектите поврзани со миграциите, преку Одделот за миграции на Црвениот крст на РМ.

На крајот на средбата произлезе заклучокот дека ваквите иницијативи за заеднички настап при решавањето на предизвиците кои се од заеднички интерес, можат да доведат и до решавање на проблемите кои произлегуваат. Сите присутни ја истакнаа потребата од ваквиот начин на комуникација, за што се надеваме дека ќе премине во позитивна пракса.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025