декември 15, 2022

Тркалезна маса на тема „Модернизирање на социјалните услуги – како понатаму“

Во рамките на проектот финансиран од Евроспаката Унија „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“,  во организација и поддршка на Европската делегација и Министерството за труд и социјална политика,  се одржа завршен настан на кој беше организирана и Тркалезна маса на тема: „Модернизирање на социјалните услуги – како понатаму“. На оваа тема беа говорници г-дин Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-дин Енвер Хусејин, Заменик министер за труд и социјална политика, г-ѓа Санела Шкркељ, пратеничка во Собранието на РСМ, г-дин Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар, г-ѓа Марија Маријанаку, тим лидер на проектот и проф д-р Ромел Велев, Претседател на Црвениот крст на РСМ. На тркалезната маса се говореше за постигнатите резултати од четиригодишниот проект, направените реформски промени во социјалната заштита за воспоставување на нови услуги, можностите за развој на услугите, како и креирање на нови можности за економска активација на ранливи целни групи за испорака на социјалните услуги.

Од страна на претседателот на Црвениот крст на РСМ беа потенцирани воспоставените социјални услуги за нега и помош на старите лица и лицата со попреченост во националното друштво, со кои се офатени голем број на ранливи целни групи на население со цел да се придонесе за нивен поквалитетен живот во заедниците. Особено беше истакнато континуираното инвестирање во испорака на квалитетни услуги до крајните корисници. Беше посечено  воведувањето на иновативни развојни социјални услуги како што е услугата „Итно копче“ наменета за помош на стари лица и лица со попреченост, наменски транспорт на лица кои се во неживото загрозувачка состојба,  како и идни планови за отворање на социјално медицински центар.

< врати се назад