Тркалезна маса на тема: „ Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“
На 11 мај 2017 година, во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа тркалезна маса на тема: „ Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“ во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“, финансиран од Европска Унија, кој се организира во партнерство со Занаетчиската комора на град Скопје.
Целите на проектот се компатабилни со целите на националната стратегија за вработување и стратегијата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија и е потврда за развој на социјални програми за поддршка на ранливи целни групи во насока на подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот.
На настанот присуствуваа генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити, министерот за труд и социјална политика г-дин Ибрахим Ибрахими, претседателот на занаетчиската комора на град Скопје, г-дин Никола Петров, и многу други учесници во проектот и претставници од медиумите.
Настанот го отвори генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити кој истакна дека преку овој проект Црвениот крст на Република Македонија заедно со партнертите, на 40 лица во социјален ризик и долгорочно невработени ќе им овозможи да се подготват за да се вклучат во социјалниот и економскиот живот создавајќи приходи за себе и за своите семејства, што ќе придонесе за намалување на ранливоста и социјалната исклученост. Исто така, се надева дека денешната тркалезна маса ќе продуцира одредени предлози и заклучоци кои ќе придонесат за унапредување на условите и можностите за вработување на овие категории со што ќе се ублажи невработеноста на лицата во социјален ризик.
Своја изјава даде министерот за труд и социјална политика, г-дин Ибрахим Ибрахими кој истакна дека со намалување на невработеноста и вклучување на пазарот на трудот на социјално ранливи групи кои се евидентирани и како лица кои се подолгорочно невработени, Министерството за труд и социјална политика, активно и во континуитет подготвува, предлага и импелементира мерки, активности, закони и стратегии кои се однесуваат на регулирањето на работните односи и нивно подобрување, заштита на правата и сигурноста на вработените, решавање на проблемот на невработеноста, и обезбедување на социјална сигурност на лицата во социјален ризик.
Исто така, на настанот се обрати и претседателот на занаетчиската комора на град Скопје, г-дин Никола Петров, кој нагласи дека преку реализација на овие проектни активности комората ќе го зголеми учеството на пазарот на трудот на долгорочно невработените лица со вклучување во понудата на работна сила во занаетчискиот сектор.