март 20, 2023

Црвен крст ја заокружи кампањата со 1 милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија

Црвениот крст на РСМ со свечен чин ја заокружи кампањата за помош и поддршка за настраданото население во Турција и Сирија. На 20.03.2023 година во х. Холидеј Ин се одржа свечен настан кои присуствуваа премиерот на Владата на РСМ г-дин Димитар Ковачевски, министри, амбасадори, бизнис секторот, градоначалници, донатори и други поканети гости.

На самиот настан се обрати Генералниот секретар на Црвениот крст д-р Саит Саити каде нагласи дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува. Нашите граѓани, како што потенцира, докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија.Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во наредниот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка.

Како покровител на настанот беше Премиерот на Владата на РСМ г-дин Димитар Ковачевски кој истакна дека продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија. Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.

Турскиот амбасадор во земјава г-дин Хасан Мехмет Секизќок во неговото излагање изрази благодарност до македонскиот народ потенцирајќи дека веднаш се мобилизиравме во овие тешки и тажни денови на Турција. Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони. Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училиша.

На настанот се донираа средства од компанијата Алма М со што се заокружи целта на настанот со вкупно 61.000.000 денари.

< врати се назад