Учество на екипа на Црвен крст на Р.Македонија на Европскиот натпревар по прва помош (ФАЦЕ 2016)
Европската конвенција по прва помош ( ФАЦЕ ) започнувајќи од 1987 година се реализира секоја година во различна земја. Оваа година во периодот од 30-ти јуни до 2-ри јули 2016 год. домаќин на ФАЦЕ беше Црвениот крст на Р.Словенија.
На натпреварот учествуваа повеќе земји и тоа: Австрија,Норвешка, Германија, Романија,Швајцарија,Словачка,Казахстан,Киргистан,Латвија,Ирска,Италија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Полска и Албанија. Вон конкуренција, ревијално учество земаа и две екипи по прва помош од Словенија.
Екипите по прва помош, своето знаење и вештини во укажување на прва помош имаа можност да го прикажат на десет работни бази на територијата на Љубљана со различни симулирани несреќи, реално прикажани и симулирани повреди. Со цел пореално прикажување на сценаријата за укажување на прва помош од страна на домаќинот беа ангажирани манекени, статисти, шминкери итн.
Победник на овогодинешната конвенција по прва помош-ФАЦЕ 2016 е екипата на Србија, второпласирана е екипата на Ирска, а додека третото место му припадна на екипата на Црна Гора.
Екипата на Црвен крст на Р.Македонија го зазема 11-то место.