мај 16, 2019

Учество на меѓународна работилница “Управување со ризици и воспоставување на ефикасен систем за спасување – основа за безбеден авантуристички туризам”

Претставници на Црвен крст на Република Македонија на 14.05.2019 година учествуваа на меѓународната работилница “Управување со ризици и воспоставување на ефикасен систем за спасување – основа за безбеден авантуристички туризам” – во рамките на проектот за меѓугранична соработка ИПА помеѓу Македонија и Албанија а имплементиран од страна на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид и Националниот центар за животна средина, туризам и одржлив развој од Албанија. Работилницата се одржува во хотел Филип во Охрид. На работилницата учествуваа тур оператори, претставници на планинарски друштва, водичи, служби за спасување на вода, претставници од државни институции од Албанија и Македонија а на истата преку интерактивни презентации и дискусии беа разработени следните теми: Значење на организирани системи за спасување, модерни системи за менаџирање со ризици, капацитети за спасување на вода и спасување на планина, можности за соработка помеѓу спасителните сервиси и туристичките организации вклучени во авантуристичкиот туризам. Во рамките на работилницата се посети и Центарот за спасување на планина на Општинска организација Охрид кој е прв од ваков вид во Македонија, кој има дежурство 24/7, а истиот е наменет за Охридскиот регион и соседните општини. За време на работилницата се презентираше и бројот за повикување на спасителната служба 13 – 112 во случај на потреба од спасување.

< врати се назад