март 3, 2023

Учество на на „Регионалната школа за безбедност 2023“

Во рамките на одржувањето на „Регионалната школа за безбедност 2023“ која се одржа во Струмица во периодот 28.02.-02.03.2023 година со учество на студенти од Северна Македонија, Бугарија, Хрватска и Србија, свое излагање и претставување на активностите на Црвениот крст на РСМ имаше Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити. Темата на која се зборуваше беше „Придонесот на Црвениот крст на Република Северна Македонија во подобрување на урбаната безбедност“. Во излагањето Генералниот секретар ги претстави заложбите на Црвениот крст на РСМ за имплементирање на активности за подигање на свест и превенција во делот на здравствена заштита, ментално здравје, криумчарење, семејно и врсничко насислство, трговија со луѓе, потоа воспоставување на систем за рано предупредување и брз одговор при катастрофи како и поддршка на интеграцијата на населението во урбаните заедници, поддршка на повратници во земјата, и нивно застапување и обезбедување на основни услови за живот.

< врати се назад