Red Cross Shape
УЧЕСТВО НА НАСТАН ГДи ДЕН НА РЕШЕНИЈА 2015

2015-09-22

УЧЕСТВО НА НАСТАН ГДи ДЕН НА РЕШЕНИЈА 2015

На 22.09.2015 година во М6 Едукативниот центар беше организиран настан “ГДи Ден на решенија 2015”. Компанија ГДи со своето 26 годишно искуство претставува специјализиран Европски провајдер за апликативни решенија, со фокус на оперативните деловни процеси и донесувањето одлуки.

На нивна покана, на овој настан зема учество и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити на тема “Успешно работење и општествена одговорност”.

Г-дин Саити истакна дека соработката на Црвениот крст со корпоративниот сектор од година во година е во пораст што го издвојува Црвениот крст како лидер во државата во поттикнување на општествената одговорност на компаниите за потребата од вложување во заедниците. Како потврда за остварената партнерска соработка, неколку компании кои реализираа заеднички проекти со Црвениот крст добија национална награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во категоријата за вложување во заедницата. Продолжуваме да чекориме заедно во нашата хумана мисија преку практикување на седумте хуманитарни принципи во интерес на ранливите категории на население кои ги опслужуваме.

Голема благодарност упати до команијата ГДи за соработката и дадената донација во информатичка опрема и онлине апликација локации на Црвен крст на Република Македонија.

gdi

Други вести

Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom