Учество на обука за фасилитатори за подготвеност за ефективен одговор при катастрофи
28 – 31.10.2019, Сутоморе, Црна Гора
Во периодот од 28 до 31.10.2019 година, Александар Стојаноски, како претставник на Програмот за подготвеност и одговор во случај на катастрофи на Црвен крст на РСМ, учествуваше на тренинг за тренери/фасилитатори за процесот/алатката за подготвеност за ефективен одговор при катастрофи. Тренингот се одржа во тренинг центарот на Црвен крст на Црна Гора во Сутоморе, Црна Гора, во организација на Меѓународната Федерација на Црвен крст/Црвена полумесечина. На тренигот присуствуаа преставници на Националните Друштва на Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Португалија, Шведска, Велика Британија, Холандија, Русија, Канада, Финска, претставници Средна Азија и др.
Подготвеноста за ефективен одговор (ПЕО) е пристап дизајниран за зајакнување на Националните Друштва со цел да станат покреативни и иновативни во нивните активности за управување со катастрофи и да придонесат во координиран и ефективен одговор при катастрофи на национално и меѓународно ниво. ПЕО овозможува Националното Друштво систематски да ги процени и анализира предностите и слабите страни на неговиот систем за одговор при катастрофи со цел да превземе ефективни мерки за негово подобрување. Процесот е поделен во неколку фази: ориентација, проценка, анализа и приоритизација, подготовка на план за акција и фаза на спроведување на активности.
За време на сесиите, беше презентиран и NICS системот како и регионалниот проект за формирање на Оперативни центри во случај на катастрофи, а воедно беа презентирани и искуствата на Програмот за подготвеност и одговор при катастрофи на ЦРКСМ во делот на подготовка и спроведување на симулациски вежби како позитивни примери во регионот. Претставникот на Програмот за подготвеност и одговор при катастрофи по успешно завршениот тренинг се стекна со меѓународен сертификат за Фасилитатор за процесот на подготвеност за ефективен одговор.