октомври 5, 2015

УЧЕСТВО НА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА “БЕГАЛЦИ, МИГРАНТИ, ТЕРОРИСТИ? СПРАВУВАЊЕ СО ФАКТИ И ПРЕДРАСУДИ”

На 05 октомври 2015 година во хотел Александар Палас, Универзитет Американ Колеџ Скопје, по повод одбележување на 10 годишнината од постоењето на Универзитетот организираше панел дискусијата на тема “Бегалци, мигранти, терористи? Справување со факти и предрасуди“ .

На панел дискусијата зема учество и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити, кој ги запозна присутните учесници со клучните активности што Црвениот крст на Република Македонија ги реализира за поддршка и помош на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија со осврст на граничните премини кај Гевгелија и Табановце.

< врати се назад