септември 17, 2018

Учество на работилница на тема „Геопросторни подготовки за одговор при катастрофи“

Во периодот од 10 -12 септември во Струга во организација на Центарот за управување со кризи,  Црвениот крст на Република Македонија заедно со субјекти кои се дел од системот за управување со кризи учествуваа на работилница на тема „Геопросторни подготовки за одговор при катастрофи“ ,

Целта на работилницата беше учесниците да се надградат за користење на софтверот веб базирана комуникациска платформа, Next-Generation Incident Command System – NICS, Incident Command System кои се развиени во САД веќе подолго време.

На крај учесниците имаа можност стекнатите знаења за користење на софтверот да ги проверат со добивање на задача со замислено сценарио природна катастрофа – поплава.

 

< врати се назад