Учество на саем на услуги “Начини до добро ментално здравје”
Претставници на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на 25.01.2024 учествуваа на саемот на услуги “Начини до добро ментално здравје ”организиран од страна Националниот младински совет на Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Целта на настанот беше да се истакне потребата од грижа за менталното здравје кај младата популација, позитивниот пристап кон целокупното здравје и важноста на менталната хигиена.
На саемот, беа претставени активностите на Центарот за ментално здравје и психо – социјална поддршка на Црвениот крст на РСМ кои придонесуваат кон подобрување на менталното здравје и добросостојбата на населението. Исто така беа одржани и практични вежби за учесници на саемот за психо – социјална поддршка кои влијаат за подобрување на целокупната благосостојба.