Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на саем на услуги “Начини до добро ментално здравје”

2024-01-29

Учество на саем на услуги “Начини до добро ментално здравје”

Претставници на  Црвениот крст на Република Северна Македонија, на 25.01.2024 учествуваа на саемот на услуги “Начини до добро ментално здравје ”организиран од страна Националниот младински совет на Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Целта на настанот беше да се истакне потребата од грижа за менталното здравје кај младата популација, позитивниот пристап кон целокупното здравје и важноста на менталната хигиена. 

На саемот, беа претставени активностите на Центарот за ментално здравје и психо – социјална поддршка на Црвениот крст на РСМ кои придонесуваат кон подобрување на  менталното здравје и добросостојбата на населението. Исто така беа одржани и практични вежби за учесници на саемот  за психо – социјална поддршка кои влијаат  за подобрување на целокупната благосостојба.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025