УЧЕСТВО НА СОВЕТУВАЊЕ ЗА КРВОДАРИТЕЛСТВО – КЛАДОВО 2015
Во организација на Градската организација на Црвен крст Нови Сад и Заводот за трансфузија на крв на Војводина, во периодот од 02-04 октомври во Кладово Република Србија се одржа советување за доброволно крводарителство.
На ова советување беа обработени повеќе теми од областа на доброволното крводарителство и тоа : “Активностите на Црвениот крст на Нови Сад во периодот јануари-септември 2015 година” во презентација на секретарот на ГОЦК Нови Сад Драган Лазиќ, “Позитивни искуства со медиумите во работата со млади” – Глигор Новачевски одговорно лице за крводарителство во Црвениот крст на Република Македонија, “Современите предизвици во крводарителството” – Јелена Џулиќ стручен соработник во Заводот за трансфузија на крв Војводина и “Најчести прашања во областа на доброволното крводарителство” и панел дискусија – доц. Д-р Радмила Јовановиќ директор на ЗТК Војводина. На ова советување беше прикажан премиерно филмот на МТВ кој специјално беше изработен за време на семинарот за крводарителство со млади од Клубови 25 кој се одржа во Струга од 04-06 септември 2015 година.