Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учество на Светски самит за промени – Ватикан 29.05.2024 година

2024-06-03

Учество на Светски самит за промени – Ватикан 29.05.2024 година

На покана на Академијата за науки – Ватикан во рамките на Институтот за напредни студии и соработка, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити учествуваше на третото издание на ‘’Светскиот самит за промени’, во периодот од 28.05.2024 до 30.05.2024 во државата Ватикан. Самитот претставува форум на реномирани лица и научници од различни делови од светот на полето на бизнисот, развојот на иновативни технологии и хуманитарното дејствување. Настанот беше отворен и воден од страна на Државниот секретар на Ватикан Пиетро Паолин. Црвениот крст на Република Северна Македонија е еден од многуте поддржувачи и спонзори на настанот меѓу кои се и други национални друштва, хуманитарни организации, бизнис компании, научни институции и слично. За промоцијата и поддршката на активностите на Црвениот крст на РСМ, за време на настанот Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ додели неколку признанија на Црвениот крст на РСМ и тоа златен знак на телевизијата на Ватикан претставувана од директорот Дарио Едоардо Вигано, и сребрен знак на Лан Чирки, директор на Lan To Capital, Бет Микел, претседател на Simple Innovations и основач на Reign of Unity –  Дустин Плантхолт, стратегиски бренд-лидер, Џесика Ворд, директор на Word & Brown Agency и Роберт Едвард Грант, директор на Crown Sterling Limited.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025