септември 21, 2018

Учество во семинар на тема “Меѓународна безбедност и имплементација на Меѓународното хуманитарно право”

Во период од 19 – 20 септември 2018 година, Министерството за одбрана организираше семинар на тема “Меѓународна безбедност и имплементација на Меѓународното хуманитарно право”, во Центарот за обука “Д-р Џозеф Крузел”, касарна Гоце Делчев – Скопје, каде што учестуваа претставници од Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со катастрофи, и Црвен крст на Република Македонија. Претставници од Црвен крст на Република Македонија беа Леандра Тоска и Ситриме Зеќири.

Во текот на овие два дена, еминенти професори од Воена академија “Генерал Михаило Апостолоски” и МИТ Универзитетот, одржаа интерактивни сесии преку предавања, студија на случаи и решавања на проблеми на најактуелните теми од областа на МХП, со цел учесниците од поширок аспект да согледат на примената на Меѓународното хуманитарно право и да се стекнат со нови знаења од истата.

На крајот на семинарот, на сите учесници им беше доделено потврда за успешно завршување на семинарот од страна на Министерството за одбрана.

< врати се назад