Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Учествувајте во студијата на ЦКРСМ и кажете ни ги вашите ставови, искуства и очекувања поврзани со долгорочната нега!

2021-10-20

Учествувајте во студијата на ЦКРСМ и кажете ни ги вашите ставови, искуства и очекувања поврзани со долгорочната нега!

Линк до студијата: https://lse.eu.qualtrics.com/jfe/form/SV_6nc3RoO51iB0Bng?Q_Language=MK

Црвениот крст на Република Северна Македонија спроведува студија со група меѓународни академски, државни и невладини организации кои се дел од проектот на InCARE (Поддршка на ИНклузивниот развој на долгорочни услуги за нега (CARE) во заедницата со партиципаторен пристап на повеќе чинители) кофинансиран од страна на Европската Унија.

Пополнувањето на прашањата од оваа анкета нема да ви одземе повеќе од 20 минути. 

Нашата цел е преку неа да прибереме информации во однос на ставовите, искуствата и очекувањата во однос на долгорочната нега и грижа, а со цел осмислување на подобри системи за помош и поддршка на повозрасните лица кои имаат потреба од помош, како и за нивните семејства и заедници. Наодите од оваа студија ќе се искористат за подигање на свеста во однос на предизвиците со кои се соочуваат повозрасните лица кои имаат потреба од помош и нивните семејства, како и за предлагање и препорачување на политики со кои тие лица би се поддржале.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025