Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Уметникот Љубе Алексовски донираше 20 свои уметнички дела на Црвениот крст

2020-11-11

Уметникот Љубе Алексовски донираше 20 свои уметнички дела на Црвениот крст

По повод одбележувањето на 75 години од основањето на Црвениот крст на РСМ и одбележувањето 40 години богато ликовно творештво, долгогодишниот волонтер на Црвениот крст и ликовен уметник Љубе Алексовски ги изложи своите дела во просториите на Културен Информативен Центар –КИЦ-Скопје. По тој повод уметникот Љубе Алексовски како хуман гест донираше 20 свои уметнички дела на Црвениот крст на РСМ.

На отварањето на изложбата на ден 11.11 2020 година, присуствуваше Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити кој искажа огромна благодарност за  посветеноста во волонтерството на уметникот Љубе Алексовски, како и за неговата желба за создавање и донирање на уметнички дела, од  кои дел ќе најдат свое место во просториите на Црвениот крст, а дел од нив ќе бидат доделени на соработници и подржувачи на Црвениот крст во пригодни прилики.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025