декември 19, 2019

Viber стикери на Црвен крст

Црвен крст на Република Северна Македонија создаде свои Viber стикери за активностите кои истиот ги превзема.

Вкупно 23те стикери изразуваат различни забавни и емотивни ситуации кои што можат да се употребуваат во секојдневната комуникација на корисниците без разлика на возраста и стилот на комуницирање. Со ова, нашата организација стана достапна и активна и во виралната сфера.

Со создавањето на свои Viber стикери, Црвен крст на Република Северна Македонија стана една од првите невладини организации кои имаат јазично – локални релевантни стикери. Како интересен, динамичен и над сè креативен начин за комуницирање,Viber стикерите сè повеќе се користат и надвор од границите на пријателската комуникација.

https://stickers.viber.com/pages/custom-sticker-packs/11ea216c8b11f594b2c805d134c0f6d69c28b1a2a63c6d44?fbclid=IwAR0ffJ1KWKNaxG9enGNZS7KqG7GGX6Ec7

jrOVqxsI_ozVUWH141e5TmAY_kNorth Macedonian RedCross

< врати се назад