ВО ЗНАК НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИ
На 11 септември 2015 година, Американската амбасада во Скопје го одбележи Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите преку крваодарителска и прехранбено-собирна акција во соработка со Црвен крст на град Скопје и Институтот за трансвузиона медицина. Оваа акција е дел од глобалната иницијатива на претседателот на САД, Барак Обама во знак на сеќавање на жртвите од 11 септември, преточена во глобален ден на служење на заедниците. Учествувајќи во оваа крводарителна акција и собирна акција за прехранбени продукти, сите доброволци имаа можност на еден благороден начин да дадат поддршка која е замислена да им помогне на оние на кои најмногу им е потребна помош. Целта е сите луѓе, без разлика на нивната вероисповест, етничко потекло или раса, да се здружат и да се посветат на една заедничка кауза – изјавија амбасадорот на Американската амбасада во Скопје г-дин Џес Бејли.
Денешниот ден инспирира надеж и потсетува дека хуманоста и човекољубието треба да се издигнат на уште повисоко рамниште, да ја продолжиме традицијата која трае веќе седум години и стана синоним за промените кои ги носи денешницата. Денешната крводарителска и собирна акција се придонес во нашата заедница, активност кој ги артикулира различностите претворајќи ги во хуманитарни ефекти. Тоа е пораката која сакаме денес да ја упатиме одовде. Нека денешниов ден не потсети колку е важно да сме заедно, да даруваме и одвоиме дел од себе за другите, да помогнеме, да помислиме на оние кои имаат потреба од помош, оние кои имаат потреба од нас. Оваа година Црвениот крст одбележува 50 години од усвојувањето на 7-те основни принципи во работењето на Црвениот крст, при тоа ја обновуваме нашата визија како одговор на новите предизвици, прилагодувајќи го значењето и пораките на принципите на новиот свет кој постојано се менува. Посветени сме да дејствуваме во правец на изнаоѓање на трајни решенија за и со луѓето зафатени од кризи, ги прошируваме и прилагодуваме нашите решенија и програми да одговараат на растечките потреби на новите групи на ранливо население. Присутни сме во сите заедници во државата и при тоа ги промовираме идеалите на движењето.
Досегашната соработка со Амбасадата на САД, помеѓу другото е одраз и на општествената одговорност на нејзините вработени и претставува пример за воспоставено пријателство помеѓу нашиот и американскиот народ, особено во заедничката грижа за заедницата и нашите граѓани – изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити.