Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
XXIV-ти Државен натпревар на екипите по прва помош 19.09.2015 – Крива Паланка

2015-09-17

XXIV-ти Државен натпревар на екипите по прва помош 19.09.2015 – Крива Паланка

           XXIV-от Државен натпревар на екипите по прва помош се организира во годината кога Црвениот крст на Р. Македонија одбележува 70 години од формирањето и дејствувањето и 20 години полноправно членство во Меѓународната федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина. Оваа година ќе се одржи на 19.09.2015 година (сабота) во Крива Паланка под мотото “Првата помош во услови на мигрантска криза”. И денес како и во многу години наназад се сосочуваме со многу предизвици а пред се со мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија и на кои им е потребно укажување на прва помош, а Црвениот крст е исправен и пред овој голем предизвик. Натпреварот има за цел да ја промовира првата помош кај младата популација и во јавноста пошироко, нагласувајќи ја хуманата компонента која е од непроценливо значење за овозможување на безбедно секојдневие. Вкупно 25 екипи кои ги претставуваат општинските организации на Црвениот крст од целата територија на Р. Македонија ќе се натпреваруваат во укажување на прва помош при различни видови на реалистично прикажани повреди. Младите исто така ќе имаат можност да ги покажат своите знаења од областа на дисеминацијата и вештините во игрите од забавен карактер. Работните места по прва помош и работните места од натпреварувачко-забавен карактер ќе бидат поставени покрај Кејот на Крива река во Централното градско подрачје. Свечено отворање е закажано за во 10.00 часот, а натпреварот започнува во 10.30 часот на 19 септември 2015 година.

natprevar

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025