декември 29, 2015

„За топла вечера“ – заедничка хуманитарна акција на Стопанска банка и Црвен крст на Република Македонија

Црвениот крст на Република Македонија во соработка и со поддршка на Стопанска банка веќе неколку години по повод 29 декември – Денот на формирање на банката, организира заедничка хуманитарна акција за поддршка на семејства во социјален ризик. Оваа година се организира заедничка хуманитарна акција „За топла вечера“ со која се обезбедени 500 пакети со храна за семејства од социјално ранливи категории.

Помошта ќе се дистрибуира од страна на Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Струга, Битола, Струмица, Валандово, Гевгелија и Кочани во соработка со вработени на експозитурите на Стопанска банка во општините во кои се реализира акцијата.

Денес Црвениот крст на град Скопје во просториите на Дневниот центар за стари лица, организираше заеднички настан на кој официјално беше предадена помошта од страна на г-дин Тони Стојановски – член на Управниот одбор на Стопанска банка и г-дин Саит Саити – генерален секретар на Црвениот крст на РМ. На настанот беа присутни вработени од банката, вработени и волонтери на Црвениот крст, претставници на семејствата и имаа можност сите заедно да се дружат, да испијат топло чај и да си посакаат среќни новогодишни празници.

Генералниот секретар на Црвениот крст, изрази голема благодарност на Стопанска банка за обезбедената поддршка, која како и во досегашниот период и со оваа хуманитарна акција ја потврдува својата корпоративна одговорност.

DSC_0017

< врати се назад