октомври 9, 2015

ЗА ВОЗВРАТ ДОБИ БАКНЕЖИ ОД МАЛИТЕ МИГРАНТИ

На граничниот премин кај Гевгелија во групата на мигранти се одвоија две мали момчиња од Сирија дотрчаа да побарат помош кај Бојана Вревезовска, доктор во мобилната екипа на Црвениот крст на Република Македонија.

Доктор Бојана како и кон секој кој побарал помош, со топла насмевка им пружи медицинска интервенција на двете деца кои имаа повреда на раката, односно ногата. Им ги исчисти раните и направи преврска, а за возврат доби бакнежи и чоколадо кои децата ги добиле како хуманитана помош на влезот на пунктот на Црвениот крст.

Ова покажува дека љубезното однесување кон лицата кои бараат помош се возвраќа со искрена топлина.

< врати се назад