март 25, 2015

Заедничка акција на Црвениот крст на Република Македонија и Перфекс

flaer_perfex615

Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Перфекс организира заедничка иницијатива за обезбедување на поддршка на хуманитарни активности на Црвениот крст.За таа цел, компанијата определи два производа -Перфекс брисачи џамбо и Перфекс тоалетна хартија премиум котон 1/8+2, кои се обележани со налепница и е назначено дека со купување на производот се донира 1 денар за хуманитарни активности на Црвениот крст на РМ.

Оваа акција се организира од 1 април до 30 јуни 2015 година во кој период компанијата наменски ќе врши продажба на производите и по завршување на истата обезбедените средства ќе бидат донирани на Црвениот крст на РМ за имплементација на хуманитарни активности.

ПЕРФЕКС како општественото одговорна компанија, со поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст, ги потврдува нивните напори за развој и благосостојба на луѓето во заедницата.

< врати се назад