септември 29, 2022
Заеднички успеси!
ПХВ програмата веќе 24 години се имплементира во општинските организации на Црвен крст. Програмата регрутира млади на возраст од 13 до 17 години. Тие преку програмата, односно системот кој е изграден, се мотивирани од својата локална ООЦК, дисеминаторите, менторите и ПХВ инструкторите. Тоа резултира младите да направаат промени во својот живот и да станаат подобри, да и помогнаат на заедницата преку помагање на лица во социјален ризик, уредување на паркови, пошумувања, промоции на култури, обичаи и традиции на разни етнички заедници…и многу други нешта. Млади а толку големи дела!
На резултатите за 2022 горди сме сите!