март 29, 2022

Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа

Во периодот од 22 до 24 Март 2022 година во Црна Гора-Колашин, во организација на Црвен крст Црна Гора, се одржа третиот партнерски состанок во рамките на проектот: Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа.

На работниот состанок се работеше на креирање на регионален сосфтвер со предлог на содржина на табови (видови на стокови резерви, тимови за помош, материјално технички средства), кои во случај на катастрофа би се понудувале на државите кои би биле погодени од катастрофа.

Се подготвија и Стандардни оперативни процедури за регионално управување со акции во случај на катастрофа, со кои би се олеснила соработката и комуникацијата помеѓу Националните друштва во услови на итна состојба.

Работниот состанок се заокружи и со преглед на идните планови, како и можности за аплицирање на нов проект, за кој се дадоа предлог идеи со специфични тематски области во  интерес на целиот регион.

 

 

< врати се назад