Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа
Во периодот од 6 до 10 јуни 2022 година во Србија –Белград, во организација на Црвен крст Србија, се одржа партнерски состанок во рамките на проектот: Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа. Проектот е финансиран од Генералниот директор за европска цивилна заштита и хуманитарни активности на Европската комисија (DG ECHO), Австриската агенција за развој и Црвениот крст на Австрија.
Главната цел на регионалниот состанок беше понатамошен развој и тестирање на регионален софтвер за заедничко водење евиденција и управување со резервите на регионална хуманитарна помош.
На состанок учествува и претставници на Црвениот крст на РСМ, на кој се работеше на финализирање на регионален софтвер за стокови резерви, кои во случај на катастрофа би се понудиле на државите погодени од катастрофата.