Red Cross Shape
Започна ПХВ циклус за 2018 година

2018-01-22

Започна ПХВ циклус за 2018 година

На 16 и 17 јануари се одржаа работилниците  за лицата кои се избрани од страна на своите Општински организации на Црвен крст за дисеминатори во ПХВ циклусот 2018 година. Еднодневната обука имаше за цел да ги запознае дисеминаторите со програмата, да бидат обучени за држење на работилници за дисеминација и документирање како и да бидат информирани за временската рамка, за начинот на промоција на малите проекти и мотивација на младинците кои ова година ќе бидат дел од програмата. Обучени се вкупно 34 дисеминатори  од 26 Општински организации плус еден дисеминатор од Клубот на млади на Шуто Оризари и еден од Меѓународни училишта НОВА.

И ова година програмата ќе обучува младинци на возраст од 13 до 17 години и тоа по 30 младинци во Општинските организации кои ова година се пријавија да учествуваат во програмата или вкупно 900 младинци.  До 23 февруари треба да завршат сите обуки и потоа младите ќе имаат време до 20 април да ги изработат своите проекти кои ова година треба да бидат во насока на грижа за заедница, промоција на хумани вредности и социјално хуманитарните активности.

 

Други вести

Оглас – Стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија – Сметководител на организацијата
Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
21 Мај – Денот на осамостојувањето на Црвен крст на Република Северна Македонија

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom